Новото, петто дело на авторот Александар Русјаков, „Курвински хроники“, беше промовирано вчера, на 9 септември на Саемот на книга 2020.
„Курвински хроники“ минатата година влезе во потесниот избор на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман. Првата, необработена верзија на романот беше високооценета од жирито, по што доби можност за објавување од издавачката куќа.
Александар Русјаков пишува поезија и проза, колумни и дијагнози, филмски и телевизиски сценарија. На едни им пишува на срцето, на други им чкрта по нерви. Досега од него имаат ’побегнато‘: збирката песни „Голтка восхит од солзите на вечноста“; расказите „Ме сакаш ли под дождот?“; како и романите „Тринаесеттиот месец“ и „Атена со пенис“. „Курвински хроники“ е негова петта книга.
Романот може да се најде на нашиот саемски штанд, во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на веб-страницата: www.literatura.mk.