Двете малолетни девојчиња кои попладнево беа пријавени за изгубени во Скопје, се пронајдени.

Како што е познато, девојчињата од струмичко биле дојдени на екскурзија во Скопје, а последен пат беа видени кај ТЦ Веро Џамбо. Нивното исчезнување во полиција го пријавила наставничката.

Според последните информации, А.Ј (12). и Р.И (14) биле исплашени, но во добра состојба.

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера вечер, околу 23.50 часот на булеварот Борис Трајковски во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко за кои истиот ден околу 16 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар.

Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени.