Полицијата пронајде неколку стебла од растението канабис сатива во близина на струшките села Татеши и Мислодежда.
Од ОВР Струга информираат дека на 7 септември 2026 година, полициски службеници од криминалистичката полиција извршиле контроли на патот меѓу двете села. При контролите биле пронајдени неколку стебла канабис, со висина од околу еден метар.
Стеблата биле подигнати и предадени за натамошна постапка.
Од полицијата додаваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




