Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети. За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%. За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%. Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан. Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат, а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.