Премиерот Димитар Ковачевски со директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, како и бројна делегација од министри и заменици, како и градоначалници и други гости, денеска во Вруток прославија 65 години од пуштањето на ХЕЦ Маврово.
Но, случајно или намерно, на бината направена за овој свечен јубилеј, во позадина имаше голема фотографија од акумулуацијата Глобочица, а не од Мавровско Езеро од каде што добива вода за работа ХЕЦ Вруток.
Официјалната вест е дека денеска во кругот на хидроцентралата Вруток, во истоименото гостиварско село, се одржа пригодно одбележување на јубилејот – 65 години од официјалното пуштање во употреба на Хидроенергетскиот ситем Маврово.
На прославата освен премиерот Ковачевски, присуствуваа и повеќе министри и заменици министри во Владата, пратеници во Собранието на Македонија, градоначалници, раководството на АД ЕСМ, управата и вработени во ХЕС Маврово како и бројни други гости.