Актулниот врв од власта на прославата на најголемиот македонски национален празник го направи распоредот кој каде ќе говори на годинешната прослава.

Премиерот Зоран Заев ќе говори на централната прослава на Мечкин Камен во Крушево, собранискиот спикер Талат Џафери во Пелинце, а претседателот Стево Пендаровски во Скопје, како што е најавено ќе оддаде почит пред споменикот на првиот претседател на независна Македонија, Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија.