Словенечко-македонското друштво за пријателство вчера упатило официјален протест до Министерствотото за надворешни работи на Словенија откако тоа на својата интернет страници објави соопштение во кое го подржува името „Република Северна Македонија“.
„Бараме итно соопштението да се корегира затоа што тоа е навреда за претставниците на македонската нација и на македонската држава“, стои во соопштението на граѓанската асоцијација.
На страницата на МНР стои: „Министерствотото за надворешни работи го поздравува договорот меѓу Атина и Скопје за името, го прифаќа Република Северна Македонија и очекува многу конкретен и безусловен напредок на евроаатлантскиот пат“.
Граѓанското здружение вели дека ја почитуваат автономијата на Министерството и правото да го поздрават договорот, но „ние силно протестираме против официјалната употреба на името Република Северна Македонија на државно ниво, бидејќи тоа име во моментов е само продукт на имагинација на две лица од владата, за тоа се имаат догорено самите и повеќе од очигледно без поголема поддршка од политичките партии и од населението“, стои во нивното соопштение кое го пренесе и весникот Дело.
Во него се заклучува дека тоа име ниту е поддржано на референдум, ниту пак има добиена парламентарна поддршка со двотретинско мнозинство. Затоа во нивното оопштение тие спекулираат дека „можеби таквиот став искажан од МНР и министерот Карл Ерјавец е заради поддршката добиена од Иво Вајгл, кој заедно со евроамабсадорот Самјуел Жбогар е еден од главните протагонисто и поддржувачи да се потпише понижувачкиот договор“ меѓу Ципрас и Заев.
Доколку МНР не го корегира соопштението, граѓанската иницијатива најави протести пред зградата на Министерствотото во Љубљана.