Битолчани уште синоќа излегоа на протест пред францускиот конзулат на Широк Сокак, пред големиот протест кој е најавен за вечерва пред Владата во Скопје.

Собирот е против така наречениот нов предлог текст на Франција за решавање за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската Унија и тргање на бугарското вето.

Битолчани порачаа дека текстот на францускиот предлог е неприфатилив и најавија масовно присуство на големиот народен протест пред Владата вечерва.