Членови на навивачката група ,,Комити” вчерва во 21 часот чукаа со тапани пред Собрание. Тие на овој начин го изразија револтот за планот на Владата да го промени името на државата.

-Ненасилно, а симболично, затоа што симболиката вечерва има посебен шарм и моќ! Чукајте и разбудете го бунтовникот во вас, оној дел кој не дозволува вам и на вашето најмило да му се случува неправда!
Чукајте силно за Македонија!, порачаа Комити.

За собирот пред Собрание, „Комити“ известија на Фејсбук.