И ние сме здравство и работиме во ковид болница, беше транспарентот со кој денеска излегоба на протест вработените од техничкиот персонал и администрацијата на Градската општа болница „8 септември“ во Скопје.
Тие бараат да им биде исплатена еднократната помош од 30.000 денари затоа што и тие како и медицинскиот персонал работат со ковид пациети.
Станува збор за 195 вработени. Дел од нив реагираат и дека работат без продолжен договор за работа, а 150 лица се без решение за работа веќе 6 години.