Ерменската опозиција утрово почна голем протест, блокирајќи ги централните улици во Ереван. Тие бараат оставка од премиерот Никола Пашинјан.

Ерменските специјални полициски сили почнаа да приведуваат приврзаници на опозицијата, јавија западни медиуми.

Се наведува и дека во одредени делови од градот дошло до конфликт со полицијата, а во Ереван досега се блокирани десетина улици и булевари, поради што сообраќајот е во застој.