Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржува, како што е наведено, протест за одбрана на правата на Бугарите во Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД на европратеникот Ангел Џамбаски.

Протестот е и за поддршка за тепаниот секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид, Христијан Пендиков, кој синоќа со владин бугарски авион од Охрид беше пренесен на лекување во Софија,јавија бугарските медиуми.

Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.

Како што можете да забележите на фотографијата од бугарската агенција БГНЕС немало некоја голема заинтересираност за собирот.

Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР.