Попладнево околу 18 часот Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) го одржа најавениот протест против поскапувањето на струјата.

Демонстрантите пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во центарот на Скопје ја пуштија и позната песна „Бела чао“.

Со свирежи, скандирање и транспаренти на кои пишуваше „лопови“ и „доста е“ тие го искажаа својот револт против поскапувањето на струјата.

Ова беше втор денешен протест пред РЕК, откако во 14 часот пред оваа институција протестираа и ВМРО-ДПМНЕ, која пред два дена одржа уште еден протест.

Освен во Скопје, протести против поскапувањето на струјата беа одржани во Тетово, Кичево и Гостивар.