Во Барселона денеска истовремено се одржуваат протести и на противниците и на поддржувачите на независноста на Каталонија, а полицијата интервенираше со цел двете групи да ги држи раздвоени.

Полицијата во Барселона направи барикада со цел да ги спречи двете групи да се приближат една кон друга, кога приврзаниците на независноста на Каталонија се собраа на плоштадот во центарот на градот, каде требаше да заврши маршот на противниците на независноста на Каталонија.

Не се пријавени никакви насилни инциденти.

Претходно, 1.000 лица се собраа во центарот на Барселона протестирајќи против каталонското сепаратистичко движење и барајќи зголемување на наставата на шпански јазик во локалните училишта