Холандија ги освои трите бода во нашата група, откако вечерва ја совладаа селекцијата на Украина со 3:2.

Интересно, сите пет голови паднаа во вториот дел. Во 52. минута Вајналдум донесе предност, а Вергорст седум минути подоцна донесе и 2:0.

И кога се чинеше дека „лалињата“ ќе освојат три бода, Украина се врати. Јармоленко со прекрасен гол во 75. минута намали, а Јеремчук во 79. минута израмни.

Сепак, во 85. минута Дамфрис со погодок ја врати Холандија во предност, гол кој вредеше три бода.

Во првиот меч денеска, Хрватска загуби од Англија со 1:0 со гол на Стерлинг во вториот дел.