Најдобрите македонски одбојкарки ја запишаа првата победа на МИ кои се одржуваат во Таранто, Италија.

“Црвено-жолтите“ запишаа триумф од 3:1 (25:10, 25:27, 25:14, 25:20) против селекцијата на Алжир.

Ова беше меч во четврто и последно коло од групната фаза на МИ.

Претходно нашите одбојкарки запишаа три порази и тоа од Грција, Косово и Турција.

Андротеа Милевска со 21 поен беше најефикасна во нашите редови следена од Тамара Атанасова со 15 поени, додека Ива Стојковска запиша 14.

Македонија групната фаза ја завршува на четвртото место пред Алжир, со скор од победа и три порази.