Новак Ѓоковиќ игра во извонредна форма на Вимблдон гренд слем турнирот и веќе потсетува на стариот Ноле рекетот број 1 во светот

По денешната победа против Кеи Нишикори од 3:1, Би-би-си напиша дека тој е сериозен конкурент за освојување на трофејот.

Српскиот тенисер го освои првиот сет, а Јапонецот возврати во вториот, откако спаси четири топки за брејк. Потоа Ѓоковиќ убедливо ги освои двата сета.

По сетови: 6:3 3:6 6:2 6:2.  Српскиот тенисер во полуфинлето ќе игра со победникот од мечот Надал-Дел Потро.

Вимблдонската сензација се случи попладнево – бранителот на трофејот, Роџер Федерер загуби од Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 2:3.

Носителот на турнирот бркаше деветта титула, но беше поразен во маратонот кој траеше 4 часа и 13 минути. Иако Федерер водеше со 2:0, се случи пресврт. Андерсон сервираше брилијатно, а наметна игра за која Швајцарецот не наоѓаше решенија.

Федерер испушти меч топка во третиот сет, а потоа дозволи да води маратонска битка со еден од најдобрите сервери. Последниот петти сет беше драматичен, кој на крај заврши со 13:11 за Андерсон.

Тој во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Раониќ-Изнер.