Хрватските фудбалери направија незамислив успех и влегоа во финалето на Светското првенство во Русија, победувајќи ја победувајќи ја Англија со 2: 1  во продолженијата.

Хрватите направија најголем успех во историјата и прв пат дојдоа до борба за најголемиот трофеј во светот на фудбалот, и тоа го сторија по пресвртот, бидејќи ја изгубија раната фаза од играта.

Победничкиот гол го постигна Марио Манџукиќ бво 109 минута и така спречи трета последователна средба да одлуичуваат пенали.

Англија во раната фаза ги израдува своите навивачи со еден фантастичен гол на Трипие од слободен удар, голманот на Хрватска беше немоќен.

Во 30. минута одлична шанса за Хари Кејн. После мешаницата во казнетиот простор Кејн дојде до топката, но Субашиќ го одбрани ударот, а потоа Англичанецот и неочекуваше реагираше и ја погоди стативата.

Хрватите тргнаа со сите сили да израмнат во второто полувреме израмнување, а тоа се случи во 68. минута. Врсаљко прв пат на мечот упати употреблив центаршут од десната страна, а фудбалерот на Интер Перишиќ беше најснаодлив на петерецот.

Беше во тек 82. минута, Брозовиќ со долга топка го пронајде Манџукиќ на десет метри од голот, но Пикфорд го одбрани ударот на напаѓачот на Јувентус.

Во 107. мин. повторно Пикфорд на сцена, Перишиќ центрираше од левата страна, Манџукиќ шутираше од петерецот, но непрецизно.

Тоа што го пропушти, го поправи играчот на Јувентус кој што беше херој на Хрватите, тој на стартот од второто продолжение стреалаше од непосредна близина во мрежата на Пикфорд. после една сосема случајна асистенција на Перишиќ.

Во своето прво историско финале на Мундијалите на 15. јули Хрватска ќе игра против Франција на „Лужњики” во Москва, а еден ден порано за третото место Англија ќе се соочи со Белгија во Ст. Петерсбург.