Во Хонгконг денеска се одржуваат првите парламентарни избори по задушувањето на продемократското движење, а Пекинг порача дека сака само „патриотите“ да владеат со Хонгконг, поточно политичарите кои ја поддржуваат централната кинеска комунистичка влада.

Набљудувачите очекуваат релативно ниска излезност, бидејќи многу жители, поради мешањето на Пекинг, се откажаа од надежта за демократски промени.

Гласачките места ќе бидат отворени до вечер.

По масовните протести во Хонг Конг во летото 2019 година, гласачите во ноември истата година избраа листа на продемократски кандидати за време на изборите за окружниот совет.