Најмалку 16 лица загинаа, а 11 се повредени во силна експлозија за која се претпоставува дека била предизвикана од истекување гас во пакистанскиот град Карачи, потврдија локалните власти.

Експлозијата се случила пред зграда во индустрискиот дел на Карачи, а урнати се покривот и ѕидовите, јави Анадолија.

Азра Печуху, министерка за здравство на јужната покраина Синд, чиј главен град е Карачи, изјави дека најмалку 16 лица загинале, а 11 се повредени во експлозијата.

Сите 11 повредени се во критична состојба.

Полицијата соопшти дека експлозијата, според првите информации, била последица на истекување од блискиот гасовод.