Објавени се првите резултати на изборите во Србија.

Според податоците на ЦЕСИД, партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ освои 62,5 отсто од гласовите.

Следи Социјалистичката шпартија на Ивица Дачиќ со 10,7 отсто, а Спас на Александар Шапиќ освои 4,1 отсто.

Според овие резултати смао три партии влегуваат во српскиот парламент.

Опозицијата ги бојкотираше овие избори.

Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави вечерва дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас на прес конференција кажа дека според нивните податоци на изборите излегле 42 проценти од гласачите, а само 36 проценти во Белград.

Како што оцени тој, излезноста на денешните избори не би можела да биде поголема од 42 проценти, и дека сите странски медиуми оцениле дека доколку излезат помалку од половина од избирачите, власта нема да има легитимитет.

-Она што се случи од 17 часот до 20 часот, да луѓето гласаат со пет проценти на час, а гласачките места се празни, сите знаат дека не е реално. Овие податоци се идентични со оној факт дека на секои 10 секунди загинува мијач на прозорци во САД, кажа Ѓилас.

-Идната нова влада нема да има легитимитет, кажа Ѓилас кој оцени дека сега постојат две можности – режимот да продолжи да работи како порано и да ја доведе земјата во натамошни тензии, или да со посредство на Европа, да дојдеме до ситуација да имаме фер и чесни избори.