Сојузот на синдикатите на Македонија објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикалните одбори донеле едногласна одлука за организирање облици на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари.
Како резултат на оваа мерка ќе се блокираат фабрики, институции и патишта.
Донесена е и одлука за организирање на собир пред Собранието на Македонија на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и симдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари.
Во меѓувреме трипартидниот економско-социјалниот совет продолжува следната недела. Владата и работодавачите засега се воздржани дека бизнисот ќе може да издржи зголемување на минималната плата.
Во буџетот исто така не е предвидена ставка за субвенционирање на зголемувањето на минималната плата.