СДСМ континуирано покажува дека е на страна на работниците, на страна на граѓаните.

Ова повторно се нагласува од владејачкиот СДСМ, чии министри вчера не постигнаа договор за покачување на минималната плата, па обвинувањата за тоа одат на сметка на опозицијата. Во продолжение целото соопштение.

За над 6.000 денари ја зголемивме минималната плата за неполни пет години. Односно од 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари.

Со успешни економски политики среде криза, ја зголемивме и просечната плата, пензиите и социјалната помош.

Заложбата на СДСМ е минималната плата да продолжи да расте, бидејќи подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е наш приоритет.

Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо стопанство.

Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците, но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата.

Трајко Славески член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против растот на минималната плата.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ работи директно против работниците, против повеќе пари во семејните буџети.

Оваа партија очигледно има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, а не во нивниот скапоцен дворец.

Центар за односи со јавноста на СДСМ

СДСМ: Срамно е противењето на Славески на зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ е против работниците

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Додека Владата предводена од СДСМ работи на изнаоѓање решение за зголемување на минималната плата во согласност со сите засегнати страни, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на растот на платите.

Трајко Славевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот во Град Скопје е најгласниот противник на зголемувањето на минималната плата.

Ако претходно Славески велеше дека поголема минимална плата ќе значела крах за домашната економија, тој сега вели дека барањето за зголемување на минималната плата било нереално и неоправдано.

Славевски како претседател на Советот во Град Скопје добива месечен надоместок од околу 35.000 денари.

Скоро три минимални плати добива Славевски за да биде десна рака на Данела Арсовска да дејствува против граѓаните, против работниците.

Неоправдано и нереално, а пред се срамно е однесувањето на Славевски кој со месечни примања од илјадници евра се противи на зголемување на минималната плата за работнците и тоа во време на енергетска и економска криза.

За разлика од партијата на Славески, ВМРО-ДПМНЕ, која со години ја држеше минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголеми минималната плата за над 6.000 денари и ќе продолжи да ја зголемува.

Заедно со синдикатите, со работодавачите, ќе се најде договор и минималната плата оваа година повторно ќе биде зголемена, без разлика колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ.