Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во првата минута од Новата 2021 година.

Бебето е машко. Тешко е 3 килограми и 650 грама и со должина од 51 сантиметар.

-Бебето е од машки пол, тешко е 3.650 грама и е долго 51 сантиметар. Бебето е родено со апгар 9/9. На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство.  Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете спонтано породено, информираат од Клиниката.

Да е живо и здраво. Ова според народните верувања, значи дека годинава ќе биде машка.