Во изминативе 24 часа, 15 лица починале како последица од Ковид-19, додека од 1 662 тестирања, регистрирани се 536 нови зразени со коронавирус, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Починатите 15 лица се на возраст од 40 до 84-годишна возраст, при што најмногу се од Скопје – шест (73, 40, 70, 84, 72 и 62г.), потоа двајца од Куманово (66 и 64г.), двајца од Тетово (68 и 75г.), еден пациент од Охрид (64г.), двајца од Струмица (69 и 69г.), еден од Кочани (68г) и еден пациент од Пехчево (67г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Најмногу нови случаи има во Скопје-213, потоа следуваат Прилеп-37, Тетово-30, Битола-29, Кавадарци и Струга по 23, Куманово и Охрид по 18, Велес-17, Дебар, Штип и Гостивар по 13, Неготино-11, Радовиш-10, Крива Паланка-9, Струмица-8, Гевгелија-7, Кочани, Делчево и Свети Николе по 6, Ресен и Берово по 5, Валандово-4, Крушево и Македонски Брод по 3, Виница и Кичево по 2, а Пробиштип и Пехчево имаат по еден нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83 329, на оздравени 61 447, на починати е 2 503, а бројот на активни случаи изнесува 19 379.

Направените 1 662 теста се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-75, Авицена-195, Биотек-140, МАНУ -108, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –24, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-4, Инфективна клиника-3, ГАК-12, Синлаб-23, Ремедика-9, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -584, УК Пулмологија со алергологија –3.

Досега во земјата се направени вкупно 400 825 тестирања на ковид -19.