Дисциплинската комисија во француската Лига 1 го казни Пари Сен жермен со 100 илјади евра поради користење етничката припадност во описот на играчите при нивна селекција во младинските категории.

Во периодот од 2013 до 2018 година, скаутите на ПСЖ кои ги составуваа фудбалските карактеристики на играчите, ги посочуваа нивната етничка припаднсот и раса. Така тие ги делеа на Французи, Арапи, Африкаци. Во француското општество ова се смета за расизам.

Исто така санкционирани се и скаутите кои биле одговорни за следење на талентираните фудбалери и потенцијални членови на првиот тим.