Пуцко Петрол демантира дека ја купиле зградата на Бетон за 5 милиони евра, како што објави ТВ21 од своите извори.
„Фирмата ПУЦКО ПЕТРОЛ ДООЕЛ не се стекнала со имотот на Бетон“, појаснуваат од Пуцко Петрол ДООЕЛ Пласница.
Претходно, ТВ21 од свои извори објави дека за 5 милиони евра Пуцко Петрол ја купи зградата на Бетон на министерството за економија.
Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.