Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.

Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.

Возило “Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.

Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи притоа сочувство до семејството на настраданиот.