Еден човек загина откако утрово бил отворен оган во трамвај во централниот холандски град Утрехт, соопшти полицијата.

Претходно, портпаролот на холандската полиција Јост Ланшаге изјави дека пукотницата во трамвајот најверојатно е со терористички мотив. Тој нагласи дека полицијата разгледува можност дека се работи за терористички напад.

Очевидец за локалниот радиотелевизиски сервис РТВ Утрехт изјави дека пукањето се случило во западниот дел од градот.

Полицијата соопшти дека осомничениот избегал и дека во тек е потрага.

Службите за итни случаи, вклучувајќи полициски и медицински хеликоптери, се над местото на инцидентот. Запрено е движењето на трамваите низ градот.