Канцеларијата на шерифот во Џексонвил во Флорида, во САД, објави дека е во тек масовна пукотница во трговски центар, па повикаа граѓаните да не се приближуваат во тоа подрачје, објави СНН.
Најмалку четири лица се убиени и 10 ранети, јавија американски медиуми.
До пукотниците дошло во ГЛХФ Гејм бар каде се одржува турнир со видео игри. Еден од учесниците на турнирот, Јунг Дрини, бил ранет во раката, па брзо е изнесен на безбедно место, изјавија од Комплексити Гејминг, еден од организаторите на турнирот.
На видео преносот се слушнаа неколку истрели од огнено оружје, а веднаш потоа преносот беше прекинат.
Државните безбедносни сили ја следат ситуацијата во Џексонвил, а на местото на настанот се упатиле сили на АТФ (The Bureau of Alcohol, Tobacco, Firearms and Explosives).