Четворица полицајци и повеќе други лица се ранети во пукотницата што вечерва се случи во американскиот град Аурора во сојузната држава Илиноис.

Пукотницата се случила во фабриката за вентили и друга индустриска опрема Хенри Прат.

Американските медиуми јавуваат дека се ранети повеќе лица, а целото подрачје било опкружено од полиција.

Во блиската болница постојано пристигнуваат возила на итна помош кои носат ранети, јавуваат медиумите.

Полицијата ги повика жителите на Аурора да не излегуваат од своите домови додека не заврши потерата по напаѓачот.

На терен излегле и агенти на ФБИ.

Џон Пробс, вработен во компанијата Хенри Прат, кој побегнал од зградата изјави за американските медиуми дека го видел својот колега како држи пиштол. Во зградата за тоа време имало околу 30 луѓе, рече тој. Додаде дека неговиот колега почнал одеднаш да пука и ранил повеќе лица.

Американските медиуми дополнително објавија дека напаѓачот бил уапсен и дека бил притворен.

Мотивите за нападот и други детали се уштене се познати.

Претседателот Доналд Трамп е информиран и ја следи состојбата во Аурора, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.