Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека ќе има последици доколку на Украина и се испорачаат ракети со долг дострел.

Тој за руските медиуми истакна дека Русија ќе гаѓа нови мети доколку Украина се снабди до ракети со долг дострел, но не ги наведе целите.

– Во случај на испорака на ракети со долг дострел на Украина, Руската Федерација ќе извлече заклучоци и ќе ги гаѓа објектите кои се уште не биле цел, посочи Путин.

Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела одобри на Украина да и се достават ракети со долг дострел.

– Поаѓаме од фактот дека ова снабдување од САД и некои други земји е поврзано со компензација за загубата на воена опрема, тука нема ништо ново и не се менува ништо суштински. А, има и пријави за набавка, да кажеме, на артилерија. Очигледно, зборуваме за обнова на тоа што беше изгубено, беше уништено за време на непријателството, наведе Путин.