Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Ерменија на 22 ноември за да разговара за конфликтот со соседен Азербејџан, соопшти денеска ерменската влада.

Во соопштението се наведува дека Путин разговарал со ерменскиот премиер Никол Пашинјан за настаните по трилатералната средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на 31 октомври.
На таа средба Алиев и Пашинјан се договорија да не користат сила и да се држат до претходните договори со цел да се стави крај на конфликтот меѓу двете земји.
Како што е наведено, Путин ќе остане во Ереван и на 23 ноември на состанокот на воената алијанса на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСTO), која ја вклучува Ерменија, но не и Азербејџан.