Кремљ соопшти денеска дека рускиот претседател Владимир Путин предупредил дека официјална Москва разгледува различни начини на реагирање доколку САД и нивните сојузници во НАТО дозволат Украина да користи западно оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.

– Руското Министерство за одбрана размислува за тоа како да одговори на можните напади со долг дострел на руска територија и ќе понуди голем број можни опции, изјави Путин за руската државна телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од своите сојузници да и дозволат на Украина да лансира западни ракети со долг дострел, вклучувајќи ги американските „АТАЦМС“ и британските „Сторм Шедоус“, длабоко на руската територија за да ја ограничат способноста на Москва да изврши напади.