Претседателот на Русија, Владимир Путин во првата изјава за масовните протести во САД поради смртта на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, истакна дека тие е индикатор на длабока внатрешна криза.
– Се обидувам многу внимателно да ги коментирам или подобро да не коментирам за тоа што се случува во САД или во другите држави. Всушност, тоа ние го гледаме веќе подолго време, од доаѓањето на власт на актуелниот претседател, кој очигледно победи на целосно демократски начин. А, победената страна измисли секакви приказни, само за да го доведе под прашање неговиот легитимитет, истакна Путин за телевизијата „Русија 1.
Путин наведе дека е изненаден од реакцијата на некои гувернери на наредбите на Трамп.
– Што е демократија? Тоа е власт на народот, тоа е точно. Но, ако народот ги избира врховните органи, тогаш највисоките органи на власта, кои добиле доверба од народот, имаат право да работат на таков начин, кој ги гарантира интересите на мнозинството граѓани во земјата. А, што таму се случува? Претседателот вели – треба да се направи тоа и тоа, а локалните гувернери му возвраќаат да се носи, посочи Путин.
Тој како клучен проблем на американскиот политички систем го посочи тоа што партиите го ставаат сопствениот интерес пред интересот на народот.