Рускиот претседател Владимир Путин побара од Министерството за развој на Далечниот исток и Арктикот да анализира проект за изградба на сообраќаен мост.
-Новиот мост би ги поврзал рускиот регион Приморски и Северна Кореја, изјави пратеник на рускиот претседател за Далечниот исток, Јурис Трутњев.
Според него, за тоа се разговарало за време на неодамна одржаниот самит на Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но не прецизира кога тој проект би бил готов.
Границата меѓу Руската федерација и Северна Кореја е долга 39,4 километри, од кои околу 22 км се водена граница. Тоа е воедно, и најкуса руска меѓународна граница. Двете држави се поврзани по воздушен пат и железнички мост преки реката Тумен