Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија на државната телевизија Русија 1, Олга Скабејева рече дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ и НАТО.
– Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и целото НАТО, рече таа.
Скабејева во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“.