МВР денеска информираше дека пресекле канал за трговија со дрога од 300 илјади евра и приведени се три лица.
Едно од нив, како што објави весникот Слободен печат, е лице вработено на Клиниката за онкологија на шалтер.
На 5 април 2023 година, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес, запреле возило Мерцедес со скопски регистерски ознаки кое го возел вработениот на скопска Онкологија, и нашле четири патни торби со 100 килограми висококвалитетна марихуана вредна 300 илјади евра.
Таа според МВР најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600 илјади евра.