Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и други меѓународни договори кои РСМ ги има потпишано, порача бугарскиот претседател Румен Радев по свечената изјава на новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, која предизвика лавина реакции откако таа не ја кажа придавката „Северна“ додека ја кажуваше заклетвата во Собранието.
-Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите мора да се реализираат. Потсетувам и дека РСМ е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности. Убеден сум дека европската перспектива на РСМ зависи од строгата имплементација на меѓународните договори во кои е членка, како и оној одобрен од Европскиот совет во јули 2022 година. Преговарачката рамка, за информација на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира, потсети Радев.