Бугарскиот пртседател Румен Радев, во екот на предизборната кампања во Бугарија, го повика својот македонски колега Стево Пендаровски да се држи до историската вистина кога бара извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи.
Рдев, како што пренесе ТВ Сител, „им држи лекција по историја и на останатите македонски политичари“. Тој им порача дека „европскиот пат на С. Македонија не може да се гради врз ваквиот став кон Бугарија“.
На втори април во Бугарија се одржуваат нови избори, а гласањето за бугарските државјани во Македонија ќе биде озовозможено на седум локации. За првпат тие ќе можат да гласаат и во Тетово.
Ова било договорено на средбата меѓу тетовскиот градоначалник Касами и и бугарскиот амбасадор Ангелов.
На официјалниот сајт на бугарската амбасада стои дека избирачки места ќе се отворат и во Скопје, Битола, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Струмица.
Видеото ТВ Сител може да го отворите ТУКА.