Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека до петок мора да го врачи третиот мандат.
„Можам и да го забавам и ќе го направам тоа, но до петок“, има изјави Радев на новинарите при денешната посета на Болјарево и Тополовград, јави БГНЕС.
Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе и го предаде мандатот, а само нафрли дека „сите опции се отворени“.
-Во оваа конфигурација во парламентот, ако сме успешни, зборот компромис мора да биде присутен, а не е присутен, рече Радев. Тој повторно ги повика пратениците да размислат за донесување на ребалансот на буџетот.
Според него, можни се двојни избори есенва, но не е јасно дали тоа е технички остварливо.