Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија.
Не ни требаат. Никој не ја знае нашата историја подобро од нас, пренесува БГНЕС, рекол Радев.
Тој додал дека ова му го кажал многу пати на претседателот Пендаровски и дека се зависи од нас, односно од отворен и конструктивен дијалог со Софија, заснован на историски аргументи.
Комисијата ќе работи за историјата, најважно е – на високо политичко ниво – да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и оттаму за да се изврши притисок врз Бугарија – во секој случај. Вистинскиот чекор е еден, а тоа во Софија. Тогаш сите проблеми ќе бидат решени. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение, им рече Радев на бугарските новинари во италијанската престолнина.