Поранешниот тренер на Ливерпул, Челзи и Њукасл, 63-годишниот Рафа Бенитез, се врати во англиската Премиер лига и од идната сезона ќе седи на клупата на Евертон.

Премиерлигашот од Ливерпул соопшти попладнево дека потпишал тригодишен договор со шпанскиот стратег.

– Назначувањето на Бенитез доаѓа по тринеделна робустна и сеопфатна постапка на регрутирање – процес што опфати повеќе разговори со неколку кандидати, се наведува во клупското соопштение.

Евертон ќе биде четвртиот англиски клуб во богата тренерска кариера на Бенитез, по Ливерпул (2004-2010), Челзи (2012-2013) и Њукасл (2016-2019).

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Валенсија и Наполи, ја освои Лигата на шампиони со Ливерпул во сезоната 2004/05, а на Челзи му го донесе трофејот во Лига Европа во 2014 година.

Евертон на крајот од минатата сезона го напушти Италијанецот Карло Анчелоти, кој се врати на клупата на Реал Мадрид.