Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао стана најкорисен играч (МВП) во сезоната 2021/22 во Серија А, објави официјалниот сајт на лигата.

– Леао е еден од симболите на Милан како шампион на Италија. Овој играч секогаш може да прикаже одлично шоу. Фудбалската страст, непредвидливоста, атлетската сила и техниката, како и брзината веќе го направија најдобар играч и еден од најголемите таленти на меѓународно ниво, изјави извршниот директор на Серија А, Луиџи Де Сиерво.

Во сезоната 2021/22, 22-годишниот Португалец одигра 34 натпревари во Серија А за Милан, постигнувајќи 11 гола и 10 асистенции.

На крајот на сезоната, клубот од Милано стана шампион на Италија, прв пат по 11 години.