Експлицитно изјавувам дека Исламската Република Иран не се стреми да развие нуклеарно оружје и таквото оружје нема место во нашата одбранбена доктрина, рече Сејед Ебрахим Раиси на генералната дебата на Генералното собрани на ОН.

Раиси додаде дека влади на други држави продолжуваат да произведуваат и користат нуклеарно оружје и да им го подаруваат на други земји и нагласи дека Западот има двојни стандарди кон нуклеарните активности на Иран.

– Земјите што треба да се разоружат се наградени, а земјите кои се придржуваа на своите обврски дури и се лишени од правата содржани во НПТ, рече Раиси, мислејќи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, кој бара да се спречи ширењето на нуклеарното оружје и технологијата на оружје, да се промовира соработката за мирно користење на нуклеарната енергија и да се продолжи целта за постигнување нуклеарно разоружување и општо и целосно разоружување.

– Додека мирнодопската нуклеарна програма на Иран вклучува само два отсто од светските нуклеарни програми, 35 отсто од инспекциите се на нашите капацитети, рече Раиси.

– Оние кои го гледаат иранското нуклеарно прашање како закана, го игнорираат она што самите треба да го направат: денуклеаризација, нагласи тој.