Мино Рајола, агент на Пол Погба, изјави дека францускиот репрезентативец треба да игра во тим што се бори за трофеи.

Играчот од средниот ред се врати во Манчестер Јунајтед од Јувентус во летото 2016 година, но минатата сезона „црвените ѓаволи“ не се радуваа на силни настапи.

– Пол отсекогаш го почитувал Манчестер Јунајтед. Клубот исто така покажа почит кон него. Менаџерот (Оле Гунар Солскјер) рече дека Пол нема да замине и ние тоа го прифаќаме. Тој страда повеќе заради неговата повреда и ова е нашата главна тема сега. Имаме за цел Пол да игра што е можно повеќе за Јунајтед. Неговото срце е во тимот, тој е професионалец, изјави Рајола за „Скај Спортс“.

На прашањето дали Пол Погба ќе остане во Манчестер Јунајтед следната година, менаџерот рече: „Да, можно е, но се надевам дека клубот ќе се бори за да го освои шампионатот и Лигата на шампионите“.