Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ со јасна и гласна порака – не заминувам од Барселона.

Фудбалерот на каталонскиот клуб, пораката им ја испрати на сите медиуми кои во последно време пишуваа дека играчот за врска на Барса заминува во Интер.  

– Не знам зошто медиумите ме праќаат во Интер. Тоа не можам да го објаснам. Сепак, јас сум таму кај што сакам да бидам. Ако Интер размислува за мене тоа е затоа што ми оди добро, но јас сум среќен во Барселона, изјави Ракитиќ.

Хрватот оваа сезона беше стандардно во првиот тим на Барселона, а од 53 одиграни натпревари постигна пет голови, а имал и 10 асистенции.