Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ одигра најмногу натпревари од сите играчи во светот оваа сезона, дури 70.

За Барселона одигра 55 и 15 во дресот на Хрватска.

-Финалето ќе го играм дури и без една нога, ако треба, рече по мечот со Франција играчот од средниот ред.

Ракитиќ игра одлично првенство. Со неговите голови од пенал прво ја пласираше Хрватска во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето.

Тој е, секако, еден од кандидатите за најдобар играч на овој Мундијал.