Вардар го совлада Еурофарм Пелистер (30-25) во меч од домашното првенство. Вардар ја имаше инцијативата во целиот меч додека гостите како повеќе да мислеа на мечевите од Лигата на шампионите.
Најдобар поединец во Вардар беше голманот Томовски кој ја носеше екипата со одбрани кога се кршеше резултатот.
Едно е сигурно дека Столе Стоилов прераснува во голем тренер. 60 минути буквално не седна и сигурно се чуствуваше како и тој да е на теренот.
Во одлична атмосфера во “Јане Сандански” Вардарци беа водени од навивачите и потсетија на едни убави не така далечни времиња.
Недостасуваа Чкембарите кои од безбедносни причини не допатуваа во Скопје.