Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели  дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес. 

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е  во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто  тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“. 

Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија. 

-Не е Албанија која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската унија да го  исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија, нагласува  Рама.